| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Ако пушите од овие цигари, веднаш фрлете ги

 

cigariМногу пушачи се одлучуваат за лајт цигари мислејќи деја поради помалиот процент на катран, се поздрава варијанта. Меѓутоа, научниците тврдат дека лајт цигарите ги изложуваат пушачите на поголем ризик од добивање аденокарцином, а дошле до заклучок истражувајќи зошто значително се зголемил бројот на заболени од овој тип рак токму во последните 50 години.

Резултатите го потврдиле она во што се сомневале – постоела јасна врска меѓу порастот на пациенти со овој вид рак и зголемената потрошувачка на лајт цигарите.

Лајт цигарите кои имаат дупчиња на филтерот претставени се пред 50 години и агресивно беа рекламирани како поздрава опција.

cigari 2

„Тоа беше направено за да се измамат пушачите и да мислат дека се побезбедни кога пушат вакви цигари. Според нашите податоци има јасна врска меѓу овој вид рак и лајт цигарите. Она што е позагрижувачки, е дека тие дупчиња им се додаваат на сите цигари што се пушат денеска“, вели раководителот на прокетот д-р Питер Шилдс од Државниот универзитет во Охајо.

Овие дупчиња им дозволуваат на пушачите да вдишуваат повеќе чад кој содржи зголемени нивоа на хемикалии и токсини кои предизвикуваат рак.

„Оваа вентилација на филтерите го менува начинот на кој годи тутунот и затоа доаѓа до создавање повеќе канцерогени, кои потоа дозволуваат чадот да стигне подлабоко до одредени делови на белите дробови, каде што најчесто се формира аденокарциномот“, објаснува д-р Шилдс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top