Сообраќајна несреќа се случила кај Сарамзалино, во обид да го избегне возилото при претекнување возачот на шлеперот загубил контрола на камионот и се превртел до патот, објавува Канал 5 телевизија.
При превртувањето камионот го закачил возилото.
Во судирот се повредени возачот на автомобилот и неговата ќерка и возачот на камионот, тројцата се пренесени во штипската Клиничка болница, поради тоа што на местото на несреќата поминувало нивното болничко возило кое се враќало од Скопје.
Пред Сарамзалино поради несреќата има мал застој на сообраќајот.
На место на настанот увид прави екипа од СВР Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


