Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, на конференцијата на институтот Аспен во Берлин, за спорот меѓу Македонија и Грција изјави дека Германија не може да и нареди на Грција да го реши спорот.
– Државите како Британија и Германија имаат влијание во Европскта Унија. Ние колку што можеме преземаме одговорност. Но, иако имаме влијание, секој и не не слуша што кажуваме! Понекогаш тоа се процеси кои се водат во заднина, без присуство на јавноста. Ова е многу критична тема, посебно спорот со името. Ние од различни страни го поддржуваме меѓународното посредништво да се изнајде решение во оваа ‘борба’ меѓу Грција и Македонија. Ако сме присилени да најдеме оддржливо решение за економската ситуација во Грција, треба да се најде и пат за решавање и на другите прашања. Но, не верувајте во изјавите за можниот успех во текот на наредниве две или четири седмици. Ни треба време и понекогаш поголема одговорност во земјите членки. Ние немаме шанса да наредиме, да наметнеме некакви решенија во ЕУ. Понекогаш е тешко партнерите да се убедат, но тоа е единствениот пат да се оди напред. Притисокот и брзањето понекогаш се потребни, но токму во последниве пет-шест години, во овој случај се покажа дека не беа успешни, изјавил министерот Штајнмаер на прашање од модераторот на дискусијата на која, како што пренесува Дојче Веле на македонски јазик, на министрите од Британија и Германија им се приклучија колегите од Балканот како и македонскиот министер Никола Попоски.
Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји на конференцијата додал дека спорот за името на Македонија не е само билатерално прашање туку и регионален спор, кој влијае на безбедноста на Балканот. Хојт изјавил дека од американска гледна точка, не треба да се чека ситуацијата да се претвори во вистинска криза за да се реши ова прашање.
Министерот Попоски, во своите забелешки, на прашањето за оценките на Европската Комисија во извештајот за Македонија и критиките содржани во него, рекол дека шестгодишното одложување на почетокот на преговорите за Македонија повлекува последици.
– Како и во физиката, така и во политиката, има закон на акција и реакција. И има последици од добивањето на шестте последователни препораки од Комисијата, кои не донесоа старт на пристапните преговори. Можеби треба да се работи на внатрешнополитички прашања, на меѓуетничките или меѓурелигиските односи, но од друга страна, граѓаните имаат очекувања од ветувањата од ЕУ и гледаат што се исполнува. Врз реалноста на луѓето најмногу се рефлектира ситуацијата што и шест години по позитивните препораки на Комисијата ние сме одбиени и сме во полоша ситуација од 2009 година. Но, би повторил: Македонија е дефинитивно исто толку подготвена за старт на пристапните преговори, колку што беше во 2009 година, изјавил Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција