Филмот што ја освои наградата за најдобра анимација на филмскиот фестивал „Холивуд викли“ во Лос Анџелес, краткометражната анимација „Денот на крвавите непца“, цртана на паметен телефон, од авторот Димитар Димитров од Бугарија, ќе се прикажува на „Мобил-фестивал 2014“ во Скопје.
Авторот на филмот, Димитров, ќе биде специјален гостин на годинашното издание на „Мобил-фестивал“ и ќе одржи работилница на 21 ноември во Скопје.
Анимацијата е направена според расказот на Дилијан Еленков. Во „Денот на крвавите непца“ станува збор за сиромашен „уметник-камикази“, кој се прехранува од своите дела, но не на традиционален начин.
Покрај оваа голема награда, „Денот на крвавите непца“ е носител и на шест други признанија, меѓу кои наградата на Унијата на бугарските филмски дејци на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Варна, наградата „БГ видеохолик“ на фестивалот „Видеохолика“ во истиот град и награда од специјален фестивал за филмови правени на смартфон во Торонто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура