| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска: Никогаш не сум сакала наместени работи (видео)

На 12 ноември во „Метрополис aрена“ ќе се одржи реномираниот Скопски фестивал, а оваа година има навистина исклучително квалитетни 20 композиции и изведувачи за кои ќе може да гласа цела Македонија. Победникот на овој фестивал ќе нè претставува на годинашната „Евровизија“. Разговаравме со Андријана Јаневска, која овој пат ќе се појави како автор на две композиции.

Што мислиш за оваа идеја, на „Скопскиот фестивал“ да се избира претставник за „Евровизија“?

– Како што гледам и по изјавите на луѓето, така размислуваат, меѓутоа од самиот почеток од кога почнавме да настапуваме во 1998 година, на Скопскиот фестивал на некој начин го одбиравме и претставникот за Евровизија, така што мислам дека е добар начин.

Дали паричната награда е причина да се пријават повеќе изведувачи?

– Во секој случај, мислам дека е мотивација бидејќи сме свесни дека наградниот фонд е огромен…

 

Целиот разговор во видеото на Република ТВ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top