При вчерашната посета на Костајник српскиот министер за вонредни ситуации, Велимир Илиќ, падна во жива кал.
Со намера да го разгледа рудникот „Столице“, прв тргнал по патот кон долната брана, која пукнала уште пролетта, и по неколку чекори се нашол во голема неволја.
Прво се обидел сам да се извлече, а потоа почнал да тоне сѐ повеќе. Во тие драматични моменти му помогнале обезбедувањето и жителите, па успешно го извлекле. Чизмите на министерот останаа во калта, а за малку ќе се одеше и бос, без чорапи.
-Колку повеќе мрдав толку повеќе тонев. Да не беа тие луѓе, кој знае што ќе се случеше – рече за српски „Курир“ министерот Илиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ердоган си го постави зетот за министер
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви
-
Министерот во живо не можеше да ги запре солзите додека раскажуваше за атентатот на Ивановиќ (видео)
-
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто утре во посета на Македонија