| четврток, 6 декември 2018 |

Страв во Австрија од ебола

Според истражувањето дури 61 отсто од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови на сообраќај, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“.

Десет отсто од Австријците се уверени дека еболата ќе се прошири во земјата, благодарение на меѓународниот сообраќај, а 51 отсто сметаат дека има големи шанси тоа да се случи.

Триесет и седум отсто сметаат дека е невозможно ебоата да се прошири во Австрија.

Доколку дојде до појава на ебола 70 проценти од Австријците имаaт доверба во домашниот здравствен систем, кога е во прашање борбата против оваа болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top