| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам се откажа од престолот поради Кејт

Принцот Вилијам вчера официјално се откажал од престолот, а на негово место ќе застане неговиот татко Чарлс, пишува магзинот „Глоуб“.

Вилијам ја известил кралицата дека притисоците на кралскиот живот и покренувањето на семејството станале премногу напорни во последно време за неговата бремена сопруга, па тој ја донел одлуката дека ќе ја препушти титулата на неговиот татко.

Принцот Вилијам го изненади кралското семејство кога објавил дека се откажува од престолот и дека наместо тоа, ја избрал својата сопруга Кејт Мидлтон, која минува низ тешок период од бременоста – пишува магазинот „Глоуб“.

Исто така, магазинот пишува дека кралицата Елизабета одлучила да го заобиколи својот најстар син и власта да му ја препушти на 32-годишниот внук.

„Глоуб“ пишува дека ова посебно ги развеселило Камила Паркер и принцот Чарлс, кои конечно ќе го добијат тоа што долго го посакуваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top