Поради контроли на ЕВН, денеска од 9 до 12 часот без вода и без струја ќе бидат граничниот премин „Богородица“ и објектите околу него.
Од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија информираа дека поради редовни проверки на трафостаниците, три часа без струја и без вода поради прекин на работата на пумпите од бунарското подрачје „Вардар“ ќе останат казината „Принцес“, „Сенатор“ и „Фламинго“, конзервната фабрика „Пајдаков“, бензинските пумпи „Лук оил“, „Макпетрол“ и „Шимов“, како и населените места Богородица, Стојаково и Селемлија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.