| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во девет сообраќајки во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, при што во шест е констатирана материјална штета, а во три со полесни телесни повредии се здобиле тројца сопатници и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани тројца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, осум возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи што не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосница и 18 возачи што не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција се отстранети 61 возило, кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top