Градежните работи на Коридорот 8 во западниот дел на Македонија нема да запрат со изградбата на патот Охрид – Кичево. Конечно треба да започне изградбата и на автопатската делница од Кичево до Гостивар. Подготовката на документацијата е во тек, а јавниот повик за изнаоѓање на приватен партнер во улога на концесионер треба да биде објавен на почетокот на следната година – рече министерот за транспорт Миле Јанакиески. Toj им ги претстави можностите за инвестирање во македонската инфраструктура на неколку австриски компании. Освен проектот за изградба на патот од Кичево до Гостивар, во наредниот период, со европски пари треба да се реализира и патот Градско-Прилеп и да се модернизира делницата Неготино-Демир Капија. Австриските градежници најмногу се заинтересирани за влез во меѓународно финансираните проекти.
Инаку размената со Австрија од година в година се подобрува. Извозот кон оваа земја во првите 9 месеци се зголемил за 14%, а увозот за 0.76 отсто. Австрија со години е меѓу топ 3 најголемите странски инвеститори во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.