–Рускиот претседател Владимир Путин, втора година по ред е прее американскиот колега Барак Обама на ранг-листата за најмоќни светски лидери, што ја објави моќниот деловен магазин „Форбс“.
Путин остана на самиот врв на најмоќните во годината во која Русија го припои Крим кон својата територија, го распали судирот со Украина и со Кина склучи договор за гасовод вреден повеќе милијарди долари кој „Форбс“ го нарекува најголемиот конструкциски проект во светот, пренесува АФП.
Од друга страна, Обама веќе трет пат од почетокот на својот претседателски мандат не успева да го освои епитетот најмоќен лидер-два пати изгуби од Путин,а еднаш од кинескиот претседател.
-Значи кој е најмоќен: семожниот шеф на корозивната, но сеуште жива сила, или челникот со врзани раце на најдоминантната земја на светот, прашува американскиот магазин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


