| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ привремено ќе биде ослободен

 шешељ

 Хашкиот трибунал денеска побара од владите на Холандија и Србија вечерва, до 18 часот, да се изјаснат за можното привремено пуштање на слобода на обвинетиот Воислав Шешељ.Според Српски Блиц, владата на Србија ќе даде условни гаранции за пуштање на Шешељ на привремена слобода.

Трибуналот наведе дека дополнително добил доверливи информации за кои јавноста веќе е запознаена, а кои укажуваат на влошување на здравствената состојба на Шешељ.

Со оглед на новиот развој на настаните, Трибуналот ја разгледува можноста за привремено пуштање на слобода на Шешељ и затоа ги повика Србија и Холандија најдоцна до вечерва до 18 часот  да го достават своето мислење.

Трибуналот од Владата на Србија побара и потврди дека ќе биде во можност да гарантира дека обвинетиот нема да стапи во контакт со сведоците или жртвите и дека Шешељ ќе се врати под надзор на Меѓународниот суд во Хаг штом тоа ќе го нареди Судскиот совет.

Судскиот совет неодамна ја разгледуваше можноста Шешељ заради влошување на здравствената состојба привремено да се пушти на слобода, но ја прекина оваа постапка заради немање соработка од обвинетиот, се наведува во соопштението на Хашкиот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top