| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје слави 70 години од ослободувањето

70 god osloboduvanje na Skopje

Со повеќе од 80 манифестации Град Скопје оваа година ќе го прослави 13 Ноември, Денот на ослободувањето. Манифестацијата, која го носи името „Скопје слободно чекори напред“, почна со одбележување на 9 октомври, а ќе трае сѐ до 12 декември.

Главната манифестација која ќе се одржи на 13 Ноември ќе биде одбележана со положување цвеќе, крводарителска акција, спортски турнири, детски ликовни конкурси, ноќен маратон, како и свечена академија на која ќе се доделуваат наградите „13 Ноември“ во МНТ, каде што потоа ќе следува музичко-сценска изведба.

– Најпрво треба да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на борците кои ни го овозможија овој 70-годишен јубилеј. За оваа година предвидовме богата програма, во која освен основните настани како финалните натпревари на Златен гонг, Златно славејче, крводарителска акција, ноќниот маратон и многу други, имаме и богата музичко-сценска изведба за која се погрижи Наташа Поплавска – изјави градоначалникот Трајановски.

Во реализацијата на настаните главен организатор е Град Скопје, во соработка со Музејот на град Скопје и Арт-медиа, а манифестациите се поддржани и од сите скопски општини, средните и основните училишта, спортските федерации и други владини и невладини институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top