Најпаметните луѓе прават најмногу печатни и правописни грешки, тврди психологот Том Стафорд од Универзитетот во Шефилд, Велика Британија.
– Замислете кога ќе погледнете кон штотуку напишан текст и со ужас забележувате што сте напишале. Необјасниво е бидејќи, во принцип, си го занете правописот, особено на некој елементарен збор. Не плашете се. Да се греши при пишување нема ништо лошо, објаснува психологот. Замениот број букви или пропуст на букви не значи дека сте неписмени. Според научникот, писмен човек си дозволува печатни и правописни грешки не бидејќи е глупав или расеан, туку затоа што при пишувањето се труди да ја пренесе мислата. Мозокот е концентриран врз оваа покомплексна задача и ги пропушта деталите. Кога читаме сопствен текст, пак ги пропуштаме грешките, затоа што внимаваме дали мислата ни е добро изразена. Најнепријатно е кога како резултат на печатна грешка ќе се добие двосмисленост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.