Лондон заработува најмногу од имигрантите од ЕУ -15 ( Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска). Доаѓаат од Централна и Источна Европа и придонесуваат со 12% повеќе кон економијата отколку што добиваат.
– Емиграцијата во Велика Британија од 2000 година наваму носи значителни фискални бенефиции за земјата. Ова се однесува како за пристигнатите од Централна и Источна Европа, така и за остатокот од ЕУ, изјавил авторот на истражувањето, професорот Кристијан Дастман.
Анализата исто така укажува, дека веројатноста да добијат работа и да добијат добро образование е повисока кај емигрантите, отколку кај Британците по раѓање. Во исто време емигрантите плаќаат за 10% повеќе даноци, отколку локалните жители во Велика Британија. Локалните власти стравуваат дека емигрантите се населиле во Велика Британија со цел да добијат пристап до социјалните приходи, додека на политичко ниво се пропагираат пораки за ограничувањето на европските правила за слободно движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.