Синџир супермаркети во Белгија ги пуштиле во продажба првите прехранбени производи од инсекти. Сега веќе тие се нудат и на различни места за брза храна. Засега има околу 1400 различни инсекти, кои се консумираат во земјите од Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Минатата година Белгија стана првата земја во Европската унија, која дозволи одгледување и продажба на инсекти за јадење. Како погодни за храна во земјата беа прогласени 10 видови инсекти, меѓу кои неколку видови црви, гасеници и скакулци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.