| четврток, 6 декември 2018 |

Во Австралија од српска црква направиле џамија

crkva-svetog-arhidakona-stefana-kizboro-australija-dzamija-1415142306-587027

Салата на Црквата на Светиот архиѓакон Стефан во областа Кизборо, во австралискиот град Мелбурн, била претворена во џамија, а православните икони во него биле покриени со знамиња и реликвии карактеристични за исламската религија.

Според тврдењата на српските верници од Австралија кои ја фотографирале црвката, изјавиле дека владиката Иринеј и свештеникот Чедомир Видеканиќ ја издале на користење црквената просторија на пакистански и авганистански исламски верници.

Српските верници се против владиката Иринеј, кој поради пари дозволил црквата да се претвори во џамија. Тие изјавиле дека немаат ништо против исламската вероисповед, но на нив не им било местото во црквениот дом кој што го изградиле православните.

Инаку владиката Иринеј во повеќе наврати бил во центарот на јавноста, а српските верници од Австралија истакнуваат дека во 2008 година бил поврзан со големиот скандал во црквата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top