| четврток, 6 декември 2018 |

Колку е здраво млекото?

Една чаша млеко дневно ги зајакнува коските. Млекото го поттикнува доброто расположение – сето тоа се фрази што ги знае секој. Но, резултатите од едно истражување направено во Шведска фрла сомнеж на ваквите тврдења.

На телевизиските екрани секојдневно гледаме реклами со главна порака колку е здраво и корисно да се пие млеко.

Но, резултатите од едно шведско истражување фрлаат сомнеж колку, всушност, е здраво млекото, и тоа во неговата чиста форма, не како додаток во жито, на пример, или нешто слично.

Во временски период од 20 години, научниците на универзитетот Упсал набљудувале 61.000 жени, а повеќе од девет години 45.000 мажи, како би ја документирале поврзаноста меѓу консумацијата на млеко, стапката на смртност и честото кршење на коските.

Резултат: смртноста кај испитаниците што дневно пиеле по три чаши млеко или повеќе била над просекот. Бројот на скршеници, од друга страна, бил зголемен само кај жените што многу консумирале млеко, но не и кај мажите.

Екард Хојсен од Сојузот на млечната индустрија од Берлин го критикува пристапот на шведските истражувачи и смета дека истражувања како ова се користат грубо да се испитаат сомнежите. Од тоа истражување се извлечени погрешни заклучоци.

Дурии Карл Михелсон, коавторот на студиите предупредува на избрзани заклучоци.

– Не можеме да кажеме дека тие последици ги предизвикало исклучително консумацијата на млеко. Млекото е само дел од сложувалката – вели тој.

Можно е, меѓутоа, шведските научници да го идентификувале потенцијалниот виновник во таа сложувалка. Тие се сомневаат на Д-галактозата – шеќер, кој, главно, се јавува кај кравјото млеко. На глувците и на стаорците на кои им е давана таа супстанција, побрзо старееле или, пак, умирале.

Отворени прашања

Неопходни се натамошни истражувања, сметаат и шведските истражувачи. Меѓу другото, потребно е да се испита и влијанието на другите штетни фактори, како што се храната, пијалоците, спортувањето или пушењето. Лицата што биле набљудувани биле на различна возраст.

Резултатот од истражувањето Михелсон го гледа како повод за натамошна работа.

– Не можеме да дадеме совет за консумирање млеко, кој се заснова смао на една студија. Резултатите мора многу внимателно да се анлизираат.

Па така, кога седите пред телевизорот сѐ уште може да наздравуваме со некое девојче кое се појавува на реклама со чаша млеко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top