56 годишен маж од градот Волос, централна Грција, е уапсен по обид за убиство на неговата поранешна сопруга во понеделникот. Тој ја полил жената со медицински алкохол и ја запалил за време на караница. Според сведоци, по расправијата меѓу двајцата, бесниот маж ја запалил 47 годишната жена. Локалните медиуми тврдат дека жената успеала да го изгаси пламенот и се стрчала кон улицата викајќи за помош. Таа има изгореници од прв степен, со над 30 проценти засегнат дел на кожата на телото .
56 годишниот поранешен фудбалер бил исто така повреден од пламенот и по апсењето бил однесен во истата болница каде и жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.