| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколец натепан во дворот на гостиварско средно училиште

тепацка

Седумаесет годишен ученик на средното медицинско учлиште во Гостивар бил физички нападнат од група негови врсници. Тепачката се случила вчера попладне во дворот на училиштето. Мотивот, најверојатно е младешка нетрпеливост и меѓусебни недоразбирање.

Според информациите од СВР Тетово, случајот во полиција го пријавил таткото на момчето. На тепачката му претходел телефонски повик и В.С. (17) дошол на местото каде што бил повикан. Таму, неколкумина се нафрлиле на него и почнале да го удираат со тупаници по главата и телото, по што се оддалечиле од местото. Момчето од ударите се здобило со видливи повреди на лицето и подколениците.

По пријавата, тројца инволвирани во нарушувањето на јавниот ред и мир, Л.Р.(18), А.А.(18) и Е.О. (17), сите од Гостивар, биле повикани во Полициската станица Гостивар и со нив е разговарано. Ним им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби. Во меѓувреме се работи на идентификување и санкционирање и на другите учесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top