Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ одвои 50 милиони долари за борба против еболата.
Тоа се многу пари, но, сепак, малку во однос на износот што Гејтс го издвоил за истражување на маларијата – 200 милиони долари и тоа само во 2014 година.
Маларијата во 2012 година уби повеќе од 627 илјади луѓе, најмногу во Западна Африка, каде што моментно владее и еболата.
Гејтс работи на искоренување на маларијата и на конференцијата на Американското општество за тропска медицина и хигиена говореше за своите цели.
Според Гејтс, епидемијата на ебола е предупредување дека светот треба да работи на спречување на ширењето на смртоносните болести.
– Планетата не е подготовена за епидемии. Неколкупат нѐ плашеше грипот поради кој воведовме мали промени, но тоа не беше доволно. Ако грипот е повеќе заразен, ќе бевме во голема неволја. Постојат реални шанси во наредните неколку децении да се појават и повеќе заразни болести од оваа – изјави Гејтс.
Гејтс смета дека светот би можел многу поефикасно да се бори против болестите. Тој сака да развие уреди кои подобро ќе го следат ширењето на болеста, што го смета за „изводливо“ и „релативно евтино“. Развивањето на тие алатки би чинело „неколку милиони, а не милијарди долари годишно“, смета Гејтс.
Тој, исто така, сака да ја забрза процедурата за одобрување на новите лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.