Гликозен сируп се продава како природен мед во малопродажната мрежа во Охрид. Пчеларите ги предупредуваат граѓаните да внимаваат што купуваат бидејќи во последно време зачестило присуството на фалсификуван мед во oхридскиот регион.
Охриѓани кои веќе набавиле неоргинален мед сведочат дека го набавиле во супермаркет.
– Бидејќи пчеларот од кој купувам секоја зима немаше мед, решив да купам тегла мед од еден локален маркет. На теглата имаше декларација и сертификат дека медот е од природно потекло, мислам дека го платив повеќе од 300 денари, но откако го отворив производот, констатирав дека нема допирна точка со природниот мед туку само личи на него. Го однесов и кај пчеларот кој го познавам и тој ми кажа дека сум купила гликоза – го раскажува своето искуство една повозрасна охриѓанка за „Охридњуз“.
Охридските пчелари велат дека зголеменото присутво на фалсификуван мед се должи на помалите приноси на мед, кои се резултат на лошите временски услови. Летото беше влажно што придонесе пчелите да бидат подложни на болести, па пчеларите преземаа мерки за да ги сочуваат пчелните заедници. Токму заради тоа се произведоа помали количини мед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.