| четврток, 6 декември 2018 |

Дали „океани“ се кријат во внатрешноста на Земјата?

zemja
Знаеме повеќе за површината на Марс отколку за внатрешноста на планетата на која живееме. На само 30 километри под површината – дистанцата меѓу Лондон и аеродромот Хитроу – континенталната кора се претвора во земјиното ткиво, слој дебел околу 2900 километри кој го опкружува растопеното срце на Земјата.

Под океаните на Земјата, кората може да биде дебела само пет киломери. Но сепак овие безначајни дистанци можат да претставуваат светлосни години затоа што многу малку знаеме за оваа витална компонента на нашата планета.

На пример, дали долу има повеќе вода отколку што знаеме? Со децении научниците претпоставуваат дека океаните на земјата биле создадени од комети кои удирале на површината на планетава. Но сега некои, како професорот Стивен Јакобсен од Универзитетот Нортвестерн, сметаат дека карпите во земјиното ткиво можеби имаат некаква улога, посебно силикатите богати со магнезиум наречен рингвудит.

– Се обидувам да дадам одговор на големи прашања од каде доаѓа водата во земјата, рече тој. „Една од причините зошто ги проучував карпите е што тие ни овозможуваат преку нив да погледнеме назад во минатото“. Јакобсен се обидел во лабораторија да направи реплика или еден вид на рингвудит, создаден стотици километри во внатрешноста на Земјата, но не успеал – се додека не додал вода.

Како што објаснува Јакобсен, шансата да биде откриен дијамант кој содржи грутка рингвудит кој бил расфрлан од вулкан пред милиони години, покажува дека минералите содржат онолку вода колку и примерокот кој тој го создал во лабораторија. Рингвудиот може да задржи десет пати повеќе вода отколку што претходно се мислело – што значи дека можеби постојат океани со вода кои сеуште се наоѓаат во карпестата срцевина под нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top