| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Русија носи војници кон границата со Украина

јенс

Руски војници се движат се поблиску до границата со Украина, а Москва продолжува да ги подготвува бунтовниците во источниот дел на земјата и притоа да ги снабдува со оружје и опрема – изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Како што пренесуваат британските медиуми, Столтенберг ова го кажа на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, во Брисел.

– Русија продолжува да ги  поддржува сепаратистите, обучувајќи ги и снабдувајќи ги со неопходните материјали, а, исто така, и преку испраќање руски специјални единици во источна Украина- додаде шефот на Алијансата.

Столтенберг, цитиран од ТАСС, уште кажа дека земјите членки на НАТО не ги признаваат изборите во самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“, затоа што тие се нелегитимни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top