| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 75.000 луѓе маршираа за поддршка на Путин

putin-intervju

Приближно 75.000 луѓе учествуваа во маршот за поддршка на претседателот Владимир Путин и неговата политика кон Украина. На маршот учествуваа поголем број луѓе отколку на контрапротестот организиран од ултранационалистите.

Со пароли „Ние сме единствени!“ околу 75.000 луѓе поминаа низ главниот булевар на Москва. Во маршот учествуваа и претсатвници на основите руски политички партии меѓу кои владејачката Единствена Русија, на Комунистичката партија на Руската Федерација и на Либерално-демократската партија на Русија.

Претставниците на различните партии изразија поддршка на политиката на Кремљ кон Украина со паролите „Заедно сме сила“ и „Имаме доверба во Путин“.

– Заедно сме со браќата во Новорусија – изјави Сергеј Миронов, претседател на партијата Праведна Русија.

Руските ултранационалисти, противници на политиката на Путин, организираа „Руски марш“ на кој учествуваа околу 2.000 лица.

На 4. ноември е Денот на народното единство, со кој се одбележува протерувањето на полските окупациски сили од Москва во 1612 година.

– Со Денот на национално единство се чествува лојалноста на нашиот народ кон земјата, кон татковината. Лојалноста кон татковината отсекогаш е основа за независноста и суверенитетот на Русија, а патриотизмот и љубовта кон татковината со векови го поддржувале единството на нашата мултинационална земја, истакна Путин на приемот по повод празникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top