| четврток, 6 декември 2018 |

Во мода се „дрони“

дрони

Времето на селфи одминува. Сите кои сакаат да бидат во тренд и во чекор со времето, треба да се запознаат со феноменот познат под името „Дрони“, т.е. фотографија снимена со помош на мини хеликоптер кој се управува со помош на далечински управувач.

Веќе не се потребни ни продолжетоци ни носачи на камери за креирање на совршени фотографии. Доволно е да се купи хеликоптер со камера и да се пушти да го одработи своето. Секако, претпоставка е дека сте добри во управувањето со него.

Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека дроните се подобри ако доаѓаат во облик на видео запис, наместо како фотографија, а веќе се користени во многу спотови во светот. Така Туристичката заедница на Нов Зеланд, сними „дрони“ кои подоцна биле користени за промотивни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top