Бјонсе и Џеј Зи имаат 820 милиони долари и се една од најбогатите двојки во светот. Тоа значи дека Бјонсе може да си дозволи скапоцености што другите не можат ни да ги замислат.
Видете некои од најскапите работи што се во сопственост на Бјонсе:
Алка „такори промис“ – вредност 2.390 долари
Почнуваме скромно. Оваа алка е подарок од Џеј Зи. Таа е од сребро, со златни орнаменти и се отвора само со клуч во облик на срце. Таа симболизира ветување меѓу двајца што е навестено во името.
Патики „исабел марант“ – вредност 10.000 долари
Тоа се патики „исабел марант“, се разбира правени на нејзино барање. Кожата на овие патики е комбинација од кожа на шраус, крокодил и на анаконда. Ова, се разбира, не им се допаднало на ПЕТА.
Колекција чанти од „Биркин“ – вредност 300.000 долари
Тие, исто така, се подарок од Џеј Зи. Просечната цена на една чанта е 10.000 долари и не секој може да си дозволи барем една!
Колекција перики – вредност еден милион долари
Повеќето перики и прамени што ги користи се изработени рачно. Некои од нив чинат по 10.000 долари. Едвај ќе забележите дека косата и е вештачка, бидејќи тие се со толку висок квалитет.
„Ролс ројс“ – вредност два милиона долари
Овој автомобил исто така е подарок од Џеј Зи. Да не заборавиме дека Бјонсе му го купи најскапиот автомобил во светот „бугати гранд спорт“ за неговиот 41. роденден.
Приватен остров – вредност четири милиони долари
Островот е подарок за Бјонсе и за нивната ќерка од Џеј Зи. Островот е на Бахамите.
Свршенички прстен – вредност пет милиони долари
Свршеничкиот прстен на Бијонсе е од „Лорен шварц“ со 20-каратен дијамант.
Приватен авион – вредност 40 милиони долари
Бјонсе патува со приватен авион. Во него има дневна соба со целосно кожен ентериер. Авионот е „бомбардиер челенџер 850“.
Куќа во Малибу – вредност 45 милиони долари
Огромната вила има девет спални, кино, тениско игралиште, базен и музичко студио. Претходниот сопственик била Шер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











