
Еврејската заедница во Република Македонијод недела до вторник со повеќе активности ќе ја одбележи 70 годишнината од холокаустот на 7144 македонски Евреи. По тој повод на организираните комеморативни настани ќе присуствуваат видни гости од земјава и странство, претставници на Владата на Република Македонија, дипломатскиот кор и верските лидери, како и граѓани на Македонија. Во рамките на комеморацијата оваа година се предвидуваат активности во Скопје, Битола и Штип.
На 11 март 1943 година, Евреите од Скопје, Битола и Штип биле собрани од своите домови, донесени во скопскиот Монопол за потоа да бидат однесени во логорот на смрттa Треблинка. 7144 македонски Евреи, 98% од вкупното еврејско население во Република Македонија,беа убиени веднаш по пристигнувањето во Треблинка. Со прeвземените активности по повод комеморацијата, наследниците, оние 2% преживеани Евреи се сеќаваат на своите предци кои некогаш живееле во еврејските маала во Скопје, Битола и Штип со цел на на младите генерации да им се овозможи да научат за страдањата од Втората светска војна, за холокаустот и опасноста од расната политика. Само така младите ќе можат да извлечат морална порака и на соодветен начин ќе се соочат со предизвиците на модерните времиња.

Вистина е дека разбирањето на холокаустот на идните генерации зависи и ќе зависи од нашите заложби и соработката со институциите на оваа држава, за никогаш да не се повтори!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Марш на живите во Скопје во спомен на депортираните македонски Евреи
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи
-
Евреите бегаат од Париз: Антисемитизмот во Франција е неподнослив (видео)


