| четврток, 6 декември 2018 |

Украина: 30.000 проруски борци ѝ пристапуваат на руската војска?

Повеќе од 30.000 проруски борци во Украина, еден ден по изборите одржани во регионот Донбас, потпишале барања за пристапување кон руската војска.

ruska-vojska-mars-foto-reuters-1415050787-544239

Како што наведуваат странските медиуми, повикувајќи се на украинската служба за безбедност, ваквото барање претставува уште еден чекор кон руска анексија на источна Украина.

Портпаролот на безбедносните сили на Украина, Андреј Лисенко, вчера потврди дека расте руската поддршка на проруските активисти во Украина, во последните неколку дена.

– Забележавме интензивирање на сообраќајот на границата меѓу Русија и Украина и забележавме голем број руски војници и воена опрема како влегуваат во Украина. Имаме потврда дека руски официјални лица моментално се присутни во Донецк и во Луганск – истакна Лисенко.

prorusi-u-ruskoj-vojsci-zahtev-za-prijem-1415049880-586682

Изборите во источна Украина се одржаа минатиот викенд, а убедлива победа однесен лидерот на Донецка Народна Република (ДНР), Александар Захарченко.

Претходната недела избори организираше Киев, но не беше дозволено гласање во Донецк, Луганск, како и во Крим, кој е анектиран од страна на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top