| четврток, 6 декември 2018 |

Убавите скопјанки се дел од декорот на секој натпревар на Работнички (фото)

Вечното дерби меѓу најголемите кошаркарски ривали Работнички и МЗТ Скопје во главниот град се игра утре во „Градски парк“. Атмосферата се вжештува како што се доближува терминот, а максимумот дефинитивно ќе биде постигнат во 18.30 часот. Низ историјата натпреварот Работнички – МЗТ се чека со нетрпение од навивачите и од љубителите на кошарката. За тоа сме сведоци сите.

18

Во минатото „мобилизацијата“ на навивачи се вршела од уво на уво во секое маало низ цело Скопје. Сега со модерната технологија сме сведоци дека бројот на повици за присуство на социјалните мрежи во „Градски парк“ зема силен замав.

2

Тимовите се засилија со нови играчи, некои преминаа во противничките табори (Работнички – Гечевски,Чековски, МЗТ – Симоновски), а некои веќе играле за двата тима. Апетитите на Рабтонички се зголемија и сите посакуваат титулата да се врати во храмот на кошарката. Од таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата држава најавуваат враќање на старите патеки. Предупредуваат дека тоа не се прави преку ноќ, туку ќе се оди чекор по чекор.

8

И навивачите на двата табора, популарните „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“, се подготвуваат за првото дерби оваа сезона. Оние на кои клубот им значи, секогаш се на трибните. Но, има нов момент во „Градски парк“ кој сите почнаа да го забележуваат. Се зголемува присуството на симпатизери од понежниот пол. Сѐ почесто почнаа да ги посетуваат натпреварите на македонските клубови. Работнички може да се пофали со млади и убави девојки кои се составен декор на трибините. Нивните емоции се насочени кон главните актери на теренот.

12

Се радуваат на постгинат кош, на победа, но заедно тагуваат со нивните колеги од трибината за секој пораз. Срцата им застануваат на секое одбројување на поените на семафорот. Најтрофејниот македонски клуб повторно почна да ги привлекува убавите скопјанки. Впрочем не само симпатизерките на Работнички, туку сите се добредојдени во салата.

11

Се подготвуваат исто како машките симпатизери. Во училиште, на работа, дома, на улица, секаде шетаат со одбележјата на клубот кој е „Срцето на Скопје“. Ваквиот декор со сигурност ќе биде и утре во „Градски парк“. Дефинитивно, дербито ќе биде навистина жешко!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top