И годинава не изостанаа апокалиптичните најави за најстудена зима во последните 100 години на Европскиот континент. Не дека 3-4 години по ред не се најавува истата ситуација. А, фактите велат дека такво нешто не се случи изминатите неколку децении на Балканот. За воопшто да зборуваме за најсудена зима во 100 години, треба пред се да имаме претстава што е тоа стогодишна зима.
На почетокот на 2014 година имавме ситуации на студени продори со силен ветер во Србија, силен леден дожд во Словенија, во 2013 година имавме голем снежен покривач во поголем дел од Балканот, но ниту една од овие две зими не беше ниту блиску до најстудена во последните 100 години.
1929 НАЈСТУДЕНА ВО 20 ВЕК!
Балканот, но и Европа паметат навистина студени зими. Зими со многу снег, но и со екстремно ниска температура. Во тие историски зими запаметени се замрзнување на каналите во Венеција, замрзната Сава во Загреб, преку 1,5 метар снег во Словенија… Таква зима е онаа од февруари 1929 година. Централна Европа, но и Балканот и Италија биле речиси потполно оковани во снег. Снежни врнежи и температура од -5°С биле забележани дури во Атина. Железницата на Балканот бела во комплетен колапс.
Реките замрзнати (Сава во Загреб можела да се премине преку мраз).
Дури и Јадранот бил зампрзнат помеѓу некои острови.
Заради изгладнетост, волци биле забележани и во поголемите градови.
Во Будимпешта сите цевки за вода и гас биле замрзнати.
Пловидбата на Дунав била невозможна.
Во Загреб измерени рекордни -34°С!
1 метар снег во Истанбул!
Низ Европа се забележани екстремно ниски температури кои достигнале и до -45°С во Варшава, Полска. Во Чешкословачка заради тоа што земјата била замрзната, неможеле да ги погребаат ниту жртвите од студот.
Но, најниската температура на Балканот не е измерена во 1929!
Занимливо е да се спомене дека апсолутниот минимум на температурата на воздухот на Балканот од -38,4°С не е измерен во 1929 година, туку во 1954 година на мерната станица во Сјеница.
И уште нешто! Тоа што на еден или два дена температурата на одредени места на Балканот ќе падне до -27°С, тоа незначи ништо, а најмалку најстудена зима во 100 години! Исто како што една ластовичка не ја чини пролетта.
Видеата од најстудената зима погледнете ги на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.