| четврток, 6 декември 2018 |

По изборите: Што е следно за Украина?

ukraine-president-election-virus.si

Дали парламентарните избори кои се одржаа минатата недела во Украина ќе и помогнат за земјата да ја намали разурнувачката корупција која го блокира одржливиот економски раст и ја прави Украина ранлива на притисокот од својот сосед предатор?

Најверојатно одговорот ќе го знаеме по неколку недели, затоа што само брза и одлучна акција која веднаш ќе биде преземена откако ќе заврши изборниот циклус ќе биде ефикасна.

Повеќето од демонстрантите кои учествуваа на таканаречените Еуромајдан протести во Киев, мислеа на Полска кога излегоа на улиците на почетокот на годинава. Иако Украина и Полска во суштина беа на истото рамниште во 1990 година, способноста на Полска да изведе брзи и болни реформи се исплатеше. Сега просечните приходи во Полска се три пати повисоки од тие во Украина, а економијата продолжува со добри перформанси.

Изборите во Украина ќе овозможат добар старт во борбата против вкоренетите бирократи на кои им одговара статус квото. Парламентот сега има прореформско мнозинство. Иако има разлики околу специфични прашања, севкупната насока на реформите е јасен. Водството на Украина мора да имплементира пакет од реформи и да се надева на користа од нивните обиди и да почнат да собираат плодови пред да започне следниот циклус на избори.

Украина исто има корист од надворешниот притисок за реформи. Притисокот доаѓа во негативна смисла од Русија, која окупираше делови од територијата на Украина, и во позитивна смисла од ЕУ, со која договорот за асоцијација овозможува некои бенефити за членство во унијата. Надворешниот притисок е неопходен за да се изгради коалиција помеѓу новите парламентарни партии, за да се продолжи поагилно со реформите.

Новиот парламент мора да покаже политичка воља која досега не беше присутна кај раководството во владата по Еуромајдан. Лидерите поврзани со протестите веќе излегоа од владата, и изјавија дека им недостигаат алатки за да продолжат. Целта на изборите беше да им се даде на реформаторите тоа што им е потребно за да потикнат промени.

Реформите треба да бидат сеопфатни и ќе дадат правец кај многу нови членови во парламентот кои немаат искуство да работат како законодавци. Се надеваме дека тие ќе имаат мудрост и енергија за да успеат.

Реформите треба да почнат во економската сфера и да бидат усмерени кон намалување на зависноста на Украина од олигархискиот систем кој се појавуви од пепелта на Советскиот Сојуз. Круцијано е да се донесат онаков вид на закони кои ќе стимулираат масивен раст кај малите бизниси, затоа што овие нови фирми ќе обезбедат работни места.

На ефикасните бизниси ќе им требаат независни судови за да ги решаваат неизбежните конфликти кои ќе се појават. За создавањето на такви судови е потребна регулатива со која ќе се намали моќта на претседателите на судовите, кои во минатото ги пренесуваа барањата од политичарите во исходите од судењата.

Друга област ќе бидат медиумите. Веќе има извештаи за лоши цензури во врска со критикувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко. Тоа ќе испрати соодветен сигнал ако претседателот ги следи препораките од Обсе за да ја продаде неговата телевизиска станица, која има солидна репутација заради критичкото извесување за претходнте лидери.

Неколку од врвните новинари во државата се кандидираа за пратеници на листата на претседателот. Несомнено добра вест е тоа што посветени индивидуи влегуваат во политиката и се обидуваат да го сменат системот одвнатре.

Но исто е неопходно да се безбеди јасна линија помеѓу медиумското покривање за тоа што се случува во земјата и за самите политичари. Се надевам дека новите членови на парламентот ќе промовираат ист вид на транспарентност кои тие ја практикуваа кога беа новинари.

Исто важно е новиот парламент да продолжи да вклучува групи од граѓанскиот сектор кои ќе следат дали пратениците ги остваруваат барањата на народот. Дел од причината зошто граѓанскиот сектор е слаб во Русија е затоа што никој во администрацијата не е заинтересиран во вклучувањето на овие организации. Новиот парламент во Украина треба да најде начини да го вклучи активизмот од движењето Еуромајдан, кое е силно заинтересирано за туркање на реформскиот процес напред.

Украина направи голем прогрес со одржувањето на предвремените избори во обидот да стави јасна точка со минатото, и за да изгради нов економски и политички систем. Изборите не ги остранија сите елементи од стариот режим, но се појавија нови партии чил примарен интерес е да почне да се прави прогрес. Вештина ќе биде да не се потклекне пред негаторите кои тврдат дека не се можни никакви промени или дека тоа само уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата.

Украина е веќе радикално сменета држава отколку пред една година. Но ќе мора да продолжи со реформите ако сака да избега од домашните проблеми кои ја подриваат стабилноста, и од опасноста која доаѓа од нејзиниот моќен сосед.
Москоу тајмс – Москва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top