| четврток, 6 декември 2018 |

Лимонот е здрав, кората е отровна

Затоа што го има во кората, експертите препорачуваат по цедење да се измијат рацете и да не се рендаат корите од овие плодови во колачи и торти

LIMON

Не е возможно да се купи лимон, портокал или мандарина што не е прескана со пестицид имазалил. Иако првобитно се тврдеше дека со овој пестицид е прскан само лимонот што е увезен од Турција, вистина е дека иста опасност се крие и кај лимонот од Грција или Аргентина. Овој пестицид може да биде канцероген.

Спорниот пестицид е дозволен за користење, а се прска кората за да останат свежи портокалите, лимоните и мандарините.

– Овој пестицид најчесто се задржува на кората на лимонот, а обврска е да се истакне дека овошјето е прскано со овој пестицид. Затоа кората на лимонот не треба да се користи во исхраната. Ова не е ништо ново, напротив, одамна овие плодови се прскаат со тој пестицид. Тој не е во групата отровни супстанции – велат стручњаците.

Затоа што го има во кората, стручњаците препорачуваат по цедење да се измијат рацете и да не се ренда кората од овие плодови во колачи и во торти.

Инаку, имазалилот ако секојдневно се употребува, може да биде канцероген. Истражувањата во САД покажале дека децата се чувствителни на оваа супстанција. Ако правилно се прска, се задржува само на кората и не преминува на плодот. Имазалилот во големи колични кај малите деца може да предизвика проблеми во централниот нервен систем, а кај возрасните влијае на репродуктивните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top