| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремистите на ИД измачувале деца

Екстремистите од Исламска држава измачувале и малтретирале курдски деца заробени во мај на север во сирискиот град Кобане, соопшти денеска организацијата Хјуман рајтс воч.

ХРВ дошле до тие сознанија врз основа на интервјуа со деца, кои биле меѓу 150 курдски деца киднапирани во крајот на мај додека се враќале од училиште во Алепо.

Околу 50 деца успеале да побегнат додека другите биле ослободувани во групи.

Последната група била пуштена на 29 октомври. Дел од децата изјавиле дека биле тепани и со црева и со електрични кабли, јавуваат западни медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top