| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на Кадијевиќ: Анте Марковиќ и Месиќ сакале армијата да ги собори Милошевиќ и Туѓман

Последниот лидер на Претседателството на СФРЈ, Стипе Месиќ, и некогашниот претседател на сојузната влада, Анте Марковиќ, имале намера со помош на армијата да ги срушат од власт претседателите на Хрватска и Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, тврдеше поранешниот министер за одбрана на СФРЈ, Вељко Кадијевиќ, кој во неделата почина во Москва.

slobodan-milosevic-franjo-tudman-muslimani-haski-tribunal-ratko-mladic-1390133528-34771

Во својата книга „Контраудар“, генералот ги изнел своите сознанија за распадот на Југославија.

– Месиќ сакаше преку тогашниот претседател на сојузниот извршен совет, Анте Марковиќ, да ме вовлече мене и армијата во рушењето на Туѓман, кој по негово мислење, беше апсолутист, и да се постави себеси на чело на Хрватска како демократ и либерал, тврди Кадијевиќ во книгата.

Стенограми од сите разговори

– Мислам дека не треба посебно да се објаснува, со оглед на активностите на ЈНА и мојата позиција, зошто тој обид на Марковиќ остана без резултати, пишува Кадијевиќ, тврдејќи дека и Марковиќ се обидел да го убеди дека „ако се соборат од власт Милошевиќ и Туѓман, сите проблеми во Југославија ќе бидат решени“.

veljko-kadijevic-preminuo-general-vojska-foto-tanjug-1414967299-586419

Зборувајќи за Месиќ, генералот Кадијевиќ во својата книга наведува дека тој не го сокривал својот непријателски однос спрема Југославија. Кадијевиќ во тоа издание ексклузивно објавил „стенограми од пет свои разговори“ со тогашниот американски амбасадор и оценил, посебно повикувајчи се на разговор од април 1991 година, дека „САД делимично благодарение и на личниот допринос на Цимерман, во потполност ја превзеле улогата од Германија како водач и координатор на распадот на Југославија како единствена држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top