| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел ја крие валканата тајна на Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел има и прекар „климатска канцеларка“.

Ова најмногу поради тоа што таа е најзаслужна што во Германија се користи обновлива енергија и тоа во деновите кога е посебно сончево или ветровито, дури и до 85 отсто од вкупната енергетска потрошувачка.

Тоа е добар бизнис. Но, кога се ќе се собере може да се забележи дека Германија од 2009 година не ја намалила емисијата на јаглероден диоксид. Германија уште произедува 900 милиони тони ЦО2 годишно, што е најмногу во Европа.

Франција на пример испушта помалку ЦО2 од Германија, анализира „Си-ен-ен“. Но, тоа не е последица на еколошката агенда во Франција, туку на нуклеарните електрани чија изградба секогаш значи загадување со ЦО2.

Во Германија секој ден се отвораат најмодерни ветро или некои други турбини и реална цел на Берлин е нацијата до 2050 година да има 60 отсто удел на зелени енерганти. Но, во исто време, Германија е во голема опасност да не ги исполни тие цели за 2020 година ниту во 2030 година од Парискиот климатски договор. А ако Германија не успее, тогаш тоа значи дека нема да ги исполни условите за задржување на загревањето на земјата до два степени. „Си-ен-ен“ заклучува дека тоа е валкната тајна на Германија, дека обновливите извори на енергија не се доволни, туку е неопходно плански и итно да се исфрли јагленот како енергент, да се штеди енергија, да се намали емисијата на ЦО2.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top