| четврток, 6 декември 2018 |

Две години не пие течности, не се капе и не мие заби

vijte-amerikaneca-sprql-da-priema-technosti-predi-dve-godini-(video)-265909

Американецот Питер Филак тврди дека пред две години, на 5 мај 2012 година, во 17.00 часот, престанал да пие вода или други течности, кои сега ги компензира со консумирање многу овошје и зеленчук. Тој сам се пофалил за ова на „Јутјуб“.

Филак има само 26 години и ја напуштил работа како медицински техничар, за да се посвети на својата задача. За ова тој на ден консумира меѓу 800 и 1.000 калории преку свежо овошје и зеленчук и тоа најчесто банани, јаболка и моркови.

– Ова не е експеримент, туку начин на живот. Не сакам да поставувам рекорди или да докажувам некаква издржливост – објаснува Питер.

Сепак поради новиот начин на исхрана тој живее многу здраво и не се поти. Мажот не се тушира, не користи козметички производи и не си ги мие забите, бидејќи смета дека тоа не е потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top