Том Круз има своја лична мисија сам да ги снима сите опасни сцени во неговите филмови. А во петтото издание на „Невозможна мисија“, кој се снима во Велика Британија, актерот се надминал себеси кога сам снимил сцена во кои лази по трупот на „ербас A400M“ на повеќе од 1.500 метри височина над англиската провинција. И порано 52-годишниот Круз настојувал сам да ги изведува акробации во филмовите, но оваа сцена е, сепак, невидена по својата комплексност и ризик. Круз, буквално, виси надвор од авионот додека се снима сцената, а бил осигурен само со два ремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.