| четврток, 6 декември 2018 |

Снуп Дог заштитно лице на бразилски пијалак

Снуп Дог

Снуп Дог

Раперот Снуп Дог е заштитно лице на бразилската марка алкохол „кука фреска“ (Cuca Fresca) откако инвестирал во компанијата. Музичарот ќе го рекламира новиот пијалак „дринк диферент“ (Drink Different), нешто меѓу рум и текила.

Суперѕвездата споделува дека се вљубил во егзотичната земја уште во 2003 година, кога снимал видеоспот во Бразил, заедно со Фарел Вилијамс.

Снуп Дог објаснил дека доживува „луда љубов“ кон бразилскиот народ и култура и дека нема трпение да пренесе дел од нив во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top