Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на автобус и двајца пешаци.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани четворица возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 12 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 11 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција се отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.