
Нови судири меѓу украински војници и проруски сили избувнаа денеска на аеродромот во Доњецк, по вчерашниот релативно мирен ден.
Според очевидци, пукотници од северниот дел на Доњецк се слушаат и во центарот на градот.
Вчера во областите Доњецк и Луганск беа одржани претседателски и парламентарни избори на кои убедлива победа постигна лидерот на проруските сили и премиер на самопрогласената Доњецка Народна Република Александар Захарченко.
Според прелиминарните резултати, Захарченко добил 81,37 отсто од гласовите, соопшти шефот на изборната комисија Роман Лијагин.
Изборите беа одржани наспроти непризнавањето од Киев, Европската унија и ОН, а поддржани се само од Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


