
Отворен е новиот облакодер во Њујорк, највисок во овој град што е изграден на местото на некогашните Кули близначки, разурнати во нападите од 11 септември 2001 година.
Облакодерот денеска ги прими првите посетители – службениците на издавачката компанија „Конде Наст“. Облакодерот има 104 ката, а неговата изградба чинеше 3,9 милијарди долара.
На неколку метри од новата зграда се наоѓа меморијалот и музејот во спомен на загинатите 2.753 лица од 11 септември 2001.
Новиот облакодер e со височина од 541,30 метри и е раководен од организацијата „Даст“.
Новиот комплекс на Светскиот трговски центар во Њујорк вклучува пет кули, меморијал, музеј, центар за јавен транспорт, 550.000 метри квадратни површина и простории за културни манифестации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


