| четврток, 6 декември 2018 |

Стиви Вондер соборува рекорди, наскоро ќе биде татко на 11 деца

Стиви Вондер

Стиви Вондер

Легендарниот пејач Стиви Вондер ќе стане татко по деветти пат, а неговата партнерка, Томека Робин Брејси  сега носи тројки. Наскоро Вондер ќе има вкупно 11 деца.

Со двесет и пет години помладата партнерка Вондер веќе има едно дете.

Пејачот има осум деца од пет различни жени, а децата се на возраст од една до 39 години.

– Не знам дали тоа му беше целта, но среќен е и може да си дозволи – рече извор за „Њујорк пост“.

Вондер до сега беше во брак два пати. Првата сопруга беше пејачката Сурита Рајт, со кој беше во брак две години. Со модната дизајнерка, Каи Мила Морис  беше оженет од  2001 година до 2012 година и со неа има две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top