| четврток, 6 декември 2018 |

Во Делчево: Суспендирани секретарот и благајникот на средното училиште

delcevo1

Секретарот и благајникот на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево од денеска се суспендирани од работните места.

Суспендирањето е извршено со налог од в.д. директорката Билјана Петровска, а за тоа е известен и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, како и другите надлежни органи и институции.

– Неможноста да се подели платата на вработените за септември поради проблеми создадени пред моето именување за вршителка на должноста директор, односно поради отпорот на благајникот и секретарот да ги применат коефициентите за пресметка на плата утврдени од СОНК и Министерството за образование и наука, се причина за нивното суспендирање, изјави Петровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top