| четврток, 6 декември 2018 |

Рижото на ровињски начин

rizoto-sa-lignjama

Рижотото може да биде секакво – посно, со печурки, со тиквички, морски плодови, доматно рижото. Најважно е оризот да се пржи на тивко, и тоа исклучиво на масло за јадење, течноста да се додава постепено и да се користи адекватен ориз. Оризот со помало зрно има повеќе скроб и е покремаст. Оризот со поголемо и подолго зрно подобро се комбинира со јадењето како негов прилог.

Состојки:

320 грама ориз

500 грама каламари (лигни)

400 грами шкампи

100 грама маслинки

24 школки

200 грама конкасе (излупени домати исечкани на коцки)

Главица кромид, главица лук, магдонос, сол

Капари

1 дл. бело вино

2 лажици маслиново масло

Масло за јадење

Пармезан

Подготовка:

Оризот се вари, се исцедува и се мие со жешка вода.

Се раздалува во чинии, одозгора се става прелив и се посипува со пармезан. Се служи како топло предјадење, а може и како главно јадење со салата.

Треба да се внимава оризот да не се превари. Се вари толку време, во средината да се гледа бела точка кога ќе се гризне.

Подготвуање на преливот:

Во ситно исечканиот и на масло пропржен кромид се додаваат исчистените и исечени лигни, исчистените опавчиња од скампи и заедно се пржат. Потоа се додаваат доматите, лукот и виното.

Во посебен сад, на маслиново масло, се пржат школките. Пржените школки се додаваат кон лигните и скампите, заедно со маслинките и капарите. Потоа сето се посолува и се остава да се динствува неколку минути. Школките можат да се употребат исчистени или цели.

Ситу продукти треба да бидат свежи. Преливот не може да се подгтотвува однапред. Се служи веднаш, бидејќи јадењето тогаш е највкусно.

Вака приготвен, преливот може да се употреби и за преливање варени широки резанци и шпагети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top