| четврток, 6 декември 2018 |

Директни летови до Шпанија и Норвешка преку скопскиот аеродром

Aerodrom_Aleksandar_Veliki
Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе има директни летови до Шпнаија, Норвешка и уште две европски држави, а линиите ќе се воведат од следното лето. Во јануари ќе биде распишан повик за субвенционирање на авиокомпанија на која државата за три години ќе ѝ плати околу пет милиони евра. Ќе може да аплицира и компанијата „Визер“ air кој веќе лета до 14 дестинации од аеродромот во Скопје.
– Ќе биде многу сличен со минатиот повик, секоја авиокомпанија ќе може да се пријави. Со тоа би се овозможиле нови линии за македонските граѓани, но исто така би се овозможило и зголемување на бројот на патниците дополнително – изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Статистиката покажува дека скопскиот аеродром има постојана тенденција на раст – во првите 9 месеци од годинава во споредба со истиот период лани бројот на превезени луѓе е поголем за 21 проценти, а на стока за 40 отсто. Фреквенцијата на летови е зголемена за 13 проценти.
Минатата недела „Александар Велики“ го за прв пат го пречека и милионитиот патник во една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top