| четврток, 6 декември 2018 |

Чудни забрани низ светот – во Иран мажите не смеат да носат коњско опавче, во Сингапур гуми за џвакање само на рецепт!

Не е чудно во држава да се изгласа закон за забрана на нешто, кога се мисли дека тоа е добро за земјата и за жителите, но некои земји навистина претерале во нивните закони, па така некои се граничат со лудило.

Дали сте знаеле дека во Кина е забрането припадниците на будистичката вера да се реинкарнираат без дозвола на Владата?! Прочитајте ги најбизарните забрани низ светот. Некои ќе ве насмеат до солзи.

САД – „киндер“ јајца

Иако низ светот е омилен десерт, во САД „киндер“ јајцата се забранети поради можност да се голтне играчката.

Иран – на мажите им е забранет коњско опавче

И додека низ светот мажите љубители на долга коса секојдневно носат врзано опавче, Владата во Иран има составено листа на дозволени машки фризури, во која не се наоѓа коњското опавче.

Австралија – порноактерките имаат забрана да имаат мали гради

Политичарите на оваа земја сметаат дека порноактерките со мали гради ја поттикнуваат педофилијата и затоа мора да имаат големи гради.

Сингапур – гуми за џвакање само на рецепт

Владата на Сингапур забранила увоз и продажба на гумите за џвакање, па граѓаните никако не можат да дојдат до нив. Постои исклучок, а тоа е во случај кога лекарот ќе препише на рецепт гуми за џвакање.

guma za dzvakanje

Филипини – Клер Дејнс

Актерката странала непожелна во главниот град Манила уште во 90-тите години откако дала интервју во кое ја опишала состојбата на Филипини каде што тогаш снимала филм, а не зборувала во суперлатив. Владата се погрижила да ги забрани прикажувањата на сите филмски остварувања во кои игра Клер Дејнс.

Филипини – забрането пеење на песната „My Way“ од Френк Синатра

Забележани се шест случаи на убиства наводно поради оваа песна и тоа наводно поради арогантната музика

Frank-Sinatra

Данска – Овалтин (чоколаден прав) и Мармит

Два многу популарни производи во светот се забранети во Данска. Законот бил изгласан во 2004 година затоа што овие производи биле прескапи за локалните продавници да ги купуваат. Исто така, Данците веруваат дека во овие производи има премногу витамини и минерали, кои во преголема количина стануваа штетни.

Кина – филмови за патување низ времето

Поради неозбилните прикажувања на процесите на патувања низ времето во филмските остварувања, Владата на Кина одлучила да ги забрани.

Северна Кореја – сини фармерки

Не сите фармерки, само сините. Бидејќи оваа боја ги потсетува на Соединетите Американски Држави.

Монако – ако не сте турист, нема коцкање

Иако низ светот важи за симбол на коцкањето, казиното „Монте Карло“ не им дозволува на граѓаните на Монако да влезат и да играат. Оваа забрана потекнува уште од 1860 година кога принцот Чарлс Трети стравувал за граѓаните да не ги загубат сите пари во казиното. За странците и за туристите ова правило не важи.

Велика Британија – никако не смеете да умрете во Парламентот

Иако не е сигурно како би ги казниле тие што ќе го прекршат законот, но смрт во Парламентот не е дозволено затоа што секој што ќе умре во таа зграда мора да биде погребан на трошок на државата, а тоа на Владата никако не ѝ одговара

Германија – црно ви се пишува доколку останете без гориво на автопат

Доколку останете без гориво, не надевајте се дека ќе пешачите до најблиската бензинска пумпа – одењето по автопатот е забрането и строго казниво.

Јужна Кореја – видеоигри по полноќ

Законот од 2011 година забранува децата под 16 години да играат видеоигри на интернет од полноќ до шест часот наутро за да се потисне зависноста од видеоигри.

korejci i video igri

Јапонија – танцување во ноќни клубови

Можеби звучи чудно дека во градови како Токио танцувањето по клубови е забрането, но вистина е. Законот изгласан во 1948 година сакал да го заштити јавниот морал, па танцувањето во дискотеките било дозволено само на места со посебна лиценца и тоа само до полноќ. Јапонските адвокати моментално работат на случајот да се тргне оваа забрана за Олимписките игри во Токио во 2020 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top