| четврток, 6 декември 2018 |

Комедијата „Црногорец в кревет“ гостува во Скопје

На 11 ноември (вторник), со почеток во 20.00 часот, во Универзална сала – Скопје гостува урнебесната комедија „Црногорец в кревет“, која, според посетеноста на претставите, важи за најгледана претстава во регионот, претстава што ги обиколи сите поранешни југословенски републики.

Претставата  „Црногорец в кревет“ по својот жанр е урнебесна комедија, која се занимава со црногорските обичаи, со сите мани и доблести на црногорскиот човек и е сработена на многу духовит и хумористочен начин. Таа не содржи никакви политички, верски и национални елементи, во неа нема ниту навреди, ниту говор на омраза и единствена цел ѝ е да ги расположи и насмее посетителите од  сите возрасти.

Во претставата се зборува за животните фази од раѓањето, па до доцни години, а текстот прикажува разни стереотипи за Црногорците. Ако нешто, како што е смеењето, недостига во животот што го живееме, тоа во оваа претстава е загарантирано и тоа цели два часа. Претставата ќе има само една изведба во Скопје и нема да има репризи до крајот на годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top