| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Салон 19,19 промоција на монографијата „Снежана Османли, жената која можеше да гледа и зад ридот“

Денеска (3 ноември, понеделник) во Салонот 19, 19 ќе биде промовирана монографијата „Снежана Османли, жената која можеше да гледа и зад ридот“ од Атанас Кировски. Издавач е „Култура“, а промотори ќе бидат акад. Таки Фити и Трифун Костовски.

Книгата вклучува исказни на 25 истакнати личности од дипломатскиот, политичкиот, научниот, деловниот и од општествениот живот, посветена на личноста и на дејноста на м-р Снежана Османли (1954-2013), угледен и агилен политички работник – во преломните мигови на македонскиот општествен и политички процес, од преминот на социјалистичкото во плуралистичкото општество, до македонската независност и здобивањето меѓународна легитимност. Снежана Османли беше понекогаш единствен сведок, а редовно активен и позитивен учесник во процесите на првичаната демократизација, плурализација и државно осамостојување на Република Македонија.

Богатите содржини, сеќавања и погледи изложени во монографијата ќе ги заинтересираат не само љубителите на меморарските текстови, туку и аналитичарите и стручњаците што се занимаваат со споменатиот дел од современата македонска политичка историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top